МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка

Од:

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, а седум лица управувале возило под дејство на алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во Скопје едно лице возело без возачка дозвола, едно во Велес, едно во Демир Хисар и по едно во Охрид и Тeтово. Во Тетово и Охрид по едно лице управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана. Додека, по еден возач во Свети Николе, Кочани, Кавадарци, Струмица, Гевгелија и две лица во Прилеп, управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 14 возачи во Македонија – 8 од нив за возење без возачка дозвола

А1он

Шест лица се уапсени во Куманово, организираа борба на кучиња

Разбиена е шема за посредување во проституција, уапсени се две лица

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Уапсени се тројца возачи од Скопје и Куманово и одземени им се возилата поради возење без положен возачки испит и под дејство на алкохол

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје