Незивесно отворањето на штипскиот базен

Од:

Полн со трева и ѓубре е познатиот штипски Градски базен кој постои над 60 години, а според најавите, треба да биде пуштен по завршување на учебната година, на 10 јуни.

Засега, отварањето на Градскиот базен е на ниво на разговори меѓу градоначалникот Благој Бочварски и сопствениците на земјиштето и на базенот за изградба на Спортско рекреативен центар Брегалница што беше предвидено да функционира како Аква парк и да има хотели во кои ќе се доведе и лековитата вода од изворите на Кежовица.

– Претходната локална власт тој простор го продаде и сега е приватен. Ние сме во постојана комуникација со сопственикот и ги ставаме на располагање сите општински ресурси, заедно со ЈП „Исар“ за негово отворање, изјави Бочварски.

Тој соопшти дека има и заинтересирани инвеститори за изградба на Аква парк во месноста Суитлак што и во изборната кампњата беше е еден од централните проекти. Но, овој проект, додаде, ќе зависи од тоа дали ќе стартува спортско-рекреативниот центар Брегалница, бидејќи на Штип во тој случај не му се потребни два аква паркови.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он