Независните од ВМРО-ДПМНЕ до Мицкоски: Tие што ти се на врвот во пратеничките листи барале надомест и заштита

Од:

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на јавно соочување. Тие испратија писмо до Мицкоски во кое се осврнуваат на повеќе работи и го критикуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова писмо до Вас ќе го почнеме со потсетување на статутот на нашата партија која членството во НАТО и ЕУ го имаше како своја насока од која ти скршна. Христијан, ти пред целата меѓународна заедница имаш став дека договорот со Грција е реалност, имаш ‘цврст’ став пред јавноста дека ќе пробаш да направиш промени, имаш ‘цврст’ став пред членството дека нема државата да ја викаш под уставното име Република Северна Македонија додека во ЕНП широкоградо го прифаќаш, а сите три ‘ставови’ заедно покажуваат дезориентираност карактеристична на човек кој бега од одговорност. Но, овие факти се веќе јасни“, се вели во писмото.

Пратениците го прашуваат Мицкоски дали излажал дека не знае за парадата на 80 возила од полицијата и дали со лажењето сака да каже дека е човек кој не чита вести?

„Веста беше негативна топ-вест цел ден. Знаеш ли колку е смешно да се зборува за отсјај кога ги гледаме ракавиците на твоите од народот платени телохранители? Знаеш дека не постои вежбалница која е празна во 10:30 ниту лани, ниту во октомври, најмалку сега. Како се злоупотребени, некои луѓе ќе станат свесни наскоро. Тој ден кога ќе си одиш од позицијата за која немаш храброст да ја извршуваш. Ниту претседател на партија, ниту премиер не е функција само за добро и лесно. Во твоето тажно интервју повторно зборуваш за платени пратеници, зборуваш за законот за ЈО од кој бегаше без реално учество. Тој процес беше транспарентен, со јавна расправа, со долги разговори и внимание од меѓународната заедница. Истиот беше посебно поздравен и во извештајот за напредокот на нашата татковина, што резултираше со конечно зелено светло за отпочнување преговори. Во теоријата за преговори има еден термин bad faith, тоа е кога некој глуми дека преговара а нема намера за компромис“, пишува во писмото.

Тие го повикуваат Мицкоски да изнесе докази за тоа што го зборува.

„Знаеш зашто не си изнел? Бидејќи такви не постојат. Јасно ни е дека тебе и на уште неколкумина тоа ви е непознат концепт. Ние не ја напаѓаме партијата, и не може еден човек да се поистоветува со партијата. Христијан, дали ти знаеш дека оние кои сега ти се на врвот на листите се тие кои барале ‘голема заштита и надомест’? Тие ќе беа први да имаше плаќање. Многу е тешко Христијан да знаеш дека си на продажба. На таквите им е тешко да сфатат преземање одговорност. Затоа и се најгласни, а толку тажни. Доколку се толку храбри, нека дојдат да се соочиме пред целата јавност. Бидејќи тастатурата трпи сè. Но,  не потценувајте ја  јавноста. Почитувајте ја и дајте ѝ ја вистината. Не можеш ниту на нас, ниту на други кои мислат различно од тебе да им го одземеш влогот во и припадноста кон ВМРО ДПМНЕ

Повелете, изберете медиум да се соочиме со фактите. Ти избери кој сакаш да дојде, на кој сакаш медиум, во кое сакаш време. Ние со материјални докази и нашата искреност, вие… вие нема да дојдете. Така?“, пишува во писмото.

Би можело да ве интересира

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ