ВИДЕО: Независните на ВМРО, не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на мандатот на Груевски

Од:

Независнита група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на пратеничкиот мандат на пратеникот Никола Груевски.

„Ќе дознаете на седницата кога ќе биде закажана. Имаме став, ама сега не е на ред таа тема“, изјави кратко пратеничката Нола Исмаиловска Старова, одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето дали е точно дека, групата е во контакт со Панчо Минов од ГРОМ, и дали ќе има зголемување на пратеничката група со нови пратеници, Старова кратко одговори дека групата брои осум пратеници.

Во однос на законот за СЈО, независните на ВМРО-ДПМНЕ порачаа двете најголеми партии да најдат компромисно решение, затоа што законот е предуслов за европската перспектива на земјата.

„Ние даваме поддршка на законот и нашиот став е во насока на охрабрување на политичкиот дијалог. Имаме и свои забелешки, кои ќе ги соопштиме кога ќе бидеме повикани на средба, изјави Исмајловска Старова.

Таа од собраниската прес сала информираше дека независната група на ВМРО-ДПМНЕ, остварила средба со евроамбасадорот Жбогар на кое го презентирала писмото со кое се бара шанса за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието