А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

by А1он15/08/2025 - 19:17165
Share0

Собранието за утре закажа седница на чиј дневен ред единствена точка се измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството на независните кандидати на претстојните локални избори. Наместо еден отсто, со измените се превидува – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 0,95 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ).

Добивај вести на вибер

Со измените се предвидува и кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, да се соберат најмалку 1 000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на ДКП, односно конзуларните канцеларии на образец пропишан од Државната изборна комисија.

Со предложеното законско решение, се дефинираат и интернет порталите согласно Законот за медиуми, а се врши и усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа, ти за пратеници со собрани потписи.

Според предлагачите (група пратеници), со предложното законско решение ќе се обезбеди јасен, транспарентен и инклузивен изборен процес и ќе се надминат воочените недоследности преку зајакнување на правната рамка.

Претходно ДИК на седница во саботата усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи.

glasanjelokalni izborimakedonijanezavisni kandidati

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:50

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:29

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:25

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:14

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:08

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 10:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто