Независниот синдикат за образование бара здравјето на работниците да има приоритет во владините протоколи

Од:

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) изминатиот период будно и со голем интерес ги следи активностите на надлежното министерство во врска со донесување протоколи и акциски планови за организација на наставата во учебната 2020/2021 година, велат од НСОН во соопштение до медиумите.

„Се обраќаме со намера да предупредиме дека од плановите и протоколите кои ќе се донесат периодов, никако не смее да бидат изземени правата на вработените во воспитно- образовните установи и институции.

Бараме заштитата на здравјето и животот на сите вработени во воспитно- образовни установи и институции да биде приоритет, со особен акцент на сите кои по било каков основ се наоѓаат во ризична група поради својата здравствена состојба.

Соопштуваме дека доколку, по излегувањето на протоколите и плановите, се покаже дека правата на оваа категорија вработени не била земена предвид, НСОН е подготвен да иницира и организира протести или штрајк со цел да го коригира таквиот пропуст,“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Синдикатот на битолскиот универзитет го демантира Џафери: Документацијата ја доставивме навремено

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески