Независниот синдикат на затворската полиција задоволен од министерката Дескоска

Од:

Министерката за правда Рената Дескоска е персона грата за Независниот синдикат на затворската полиција и администрација на Македонија, изјави денеска претседателот на Синдикатот, Горан Ристевски на прес-конференцијата во Министерството за правда каде соопшти дека денеска го добиле решението со кое Министерството ги овластува претставниците на синдикатот во изработката на подзаконските акти на Законот за извршување на санкции.

-Изминатитот период Независниот синдикат на затворската полиција активно учествуваше во донесување на сегашниот Закон за извршување на санкции драстично изменет, посебно во делот на правата на вработените, но и нивните обврски. Независниот синдикат на неколку наврати упати апел до Министерството за правда и Управата за извршување на санкции во насока за да може истиот закон да се имплементира во најбрз можен период, истакна Ристевски.

Тој информираше дека решението кое денеска го добија, министерката за правда Дескоска ги овластува и формира работна група, која, како што рече Ристевски, ќе го среди колективниот договор за вработените во Казнено-поправните установи во нашата земја.

-Наредниот период од месец дена следува период на колективно договарање што е позитивно прифатено од нашиот синдикат. Ние активно ќе учествуваме заедно со адвокатскиот тим. За нас, сегашната министерка за правда е персона грата, бидејќи е добредојдена, зашто таа беше волјна да соработува во изминатиот период, потенцира Ристевски.

Тој нагласи дека сепак во делови од законот каде што се опфатени пензиите и опремнината е недоволно уреден и дека тие права за затворските работници ќе се уредуваат со колективен договор.

За таа цел, рече Ристевски, денеска Независниот синдикат на затворската полиција поднел предлог правилник за начинот и формата и содржината за унапредување на припадник на затворската полиција низ спроведување на административната селекција.

Позитивната соработка со министерката за правда ја потврди и претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев, кој рече дека синдикатот може да се пофали со учеството во изработката на овој закон кој е поптишан од новиот претседател на нашата држава и дека токму законот за вработените во затворската полиција ќе го подобри нивниот стандард. Со овој закон, рече тој, многу сериозно Република Северна Македонија ќе се приближи кон НАТО стандардите и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Заврши драмата во рускиот затвор, објавија Русите: „Сите ги ликвидиравме“

Предраг Петровиќ

Левица: Корупцијата царува во затворите – животот во казнено поправните установи под секое човечко ниво

Раст на стапката на затворање во Македонија за 25,5 отсто

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

Извештај: Во борбата против тортурата и нехуманиот третман, препораките од година в година се исти

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on