Независниот синдикат на полицијата достави Предлог-колективен договор за шумската полиција

Од:

Независниот синдикат на полицијата денеска до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство достави Предлог-колективен договор за шумската полиција и за администрација за шумската полиција.

Со тоа, како што изјави претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев, вработените во шумската полиција по 19 години ќе добијат колективен договор со кој ќе се решат проблемите со кои се соочуваат.

– Доставивме документ на 36 страници обработен како Предлог колективен договор и сублимат на сите прашања кои во изминатите 19 години беа проблем во шумската полиција, рече Делчев.

Тој додаде дека денеска оствариле средба со министерот за земјоделство кој, како што рече, изразил разбирање за нивното барање.

Според Делчев, со потпишувањето на колективниот договор бенефит ќе имаат вработените, но и државата бидејќи ќе бидат регулирани прашањата на вработените во шумската полиција и нема да има празнење на буџетот поради добиените судски спорови во корист на вработените.

– Најмногу ќе добие Буџетот на Република Македонија бидејќи веќе имаме судски одлуки со кои буџетот ќе треба да се испразни затоа што судските власти пресудија во корист на шумските полицајци, рече Делчев.

Од Независниот синдикат најавуваат дека со потпишувањето колективен договор за шумската полиција вработените ќе добијат плата за работа во смени, празници, неработни денови….

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата