Независниот академски синдикат се приклучи на Колективниот договор за високото образование и наука

Од:

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека се приклучил кон Колективниот договор за високото образование и науката, што го потпишаа Владата (МОН) и СОНК.

-Во неговата суштина, Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука: вработување, унапредување, право на годишен одмор, право на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација итн. Во договорот се дефинира начин за пресметување на платата, кој се темели на степенот на сложеност и одговорност на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата, наведува НАкС во соопштение.

Како што појаснува, со овој начин на пресметка се обезбедува систем на валоризација, но и континуиран раст на платата, која ќе расте заедно со просечната плата, со што се оневозможува стагнирање на платите како во изминатиот период. Дополнително, укажува синдикатот, во основната компонента на платата, ќе се исплаќа и работниот стаж (минатиот труд) на товар на Министерството за образование и наука.

НАкС истакнува дека Колективниот договор го утврдува и горниот праг на оптовареност на наставниот кадар со задолжителна настава и прекувремен број на часови. Прекувремената работа, исто така, ќе се исплаќа од страна на МОН. Со договорот се унапредуваат и синдикалните права и се гарантира правото на синдикално организирање и на штрајк. Првпат се воведува категоријата на АВТОНОМИЈАТА (академска слобода, автономија на управувањето, неповредливост на просторот, финансиска автономија, кадровска автономија и неприкосновеност на автономијата) како причина за штрајк, со што се заштитува како највисок дострел и најголема одговорност. Првпат во 30 години независна држава, професорите директно преговараа за своите права со МОН, без посредство на раководните структури на државните универзитети, па отелотворувањето на автономијата е и негова најголема придобивка, стои во соопштението.

Овој Колективен договор, смета НАкС, е исклучително важен во смисла на правата на работниците, во однос на решенија на системски проблеми кои ги засегаат вработените во секторот со години, социјалниот дијалог и регулирањето на односите помеѓу различните чинители, и препознавањето на што е значајно во политиката на високото образование и науката.

-Зголемувањето на платите секако треба да биде повисоко за да го одразува трудот и на наставниот и на ненаставниот кадар во високото образование, научниот и истражувачкиот кадар, но имајќи ја предвид специфичната економска ситуација во државата предизвикана од пандемијата, сметаме дека е направен чекор во позитивна насока, да се реализираат барањата од првите две години на петгодишниот предлог план. Очекуваме дека статусот и материјалните права на сите вработени во високото образование и науката ќе продолжат да се унапредуваат и дека зацртаните барања во целост и со забрзано темпо ќе се реализираат по завршување на кризата. Нашите заложби за квалитет на високото образование и науката, и враќање на дигнитетот на академската заедница продолжуваат уште поревносно, наведуваат од Независниот академски синдикат.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Повици за парични награди за освоени медали на научни олимпијади и за први три места на меѓународни натпревари по математика и природни науки

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири