Независниот академски синдикат го поддржува штрајкот на СОНК

Од:

Независниот академски синдикат го поддржува штрајкот на нашите колеги, просветни работници, коишто се вклучени во воспитно-образовните процеси на децата од предучилишна возраст, во основното и во средното образование. Сметаме дека барањето на Самостојниот синдикат на образованието, науката и културата за усогласување на платите согласно зголемувањето на минималната плата е апсолутно неопходно со цел остварување на правата гарантирани со закон и со колективните договори велат од НАкС.

– Потсетуваме дека иако НАкС го поздрави покачувањето на минималната плата, со што се подобри положбата на вработените со најниски примања, баравме соодветно зголемување и на платите на останатите вработени. Зголемувањето на платите за сите вработени, вклучително и за вработените во високото образование и науката е нужно со цел да се избегне воедначување на надоместокот што го добиваат вработените што вршат работа со различна сложеност или различен степен на образование. Оттука, бараме Министерството за образование и наука да биде одговорен партнер во социјалниот дијалог и веднаш да ги започне разговорите за усогласување на Колективниот договор за високо образование и наука со Законот за минимална плата од февруари 2022 и на тој начин да ја заштити неговата функционалност. Во спротивно, ќе бидеме приморани да преземеме порадикални чекори со цел исполнување на нашите права. Независниот академски синдикат ќе продолжи да се бори за подобрување на условите за работење во високото образование и науката и подигнување на квалитетот на образовниот
процес се вели во соопштението од Независкиот академски синдикат.

Би можело да ве интересира

Директор на училиште во Велес добил снимка со сексуална содржина меѓу професор и ученичка

Ландов

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

Генијот Македон од државата доби само слика со министерот, родителите сами ќе го платат неговото образование

Орце Костов

УНЕСКО: Околу 244 милиони деца не одат на училиште

А1он

Шаќири: Учебната години ја стартуваме поподготвени

(ВИДЕО) Стевананџија: Инвестициите на Министерството за образование во прилепските училишта на историски највисоко ниво