Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го поздрави писмото во кое Милошоски употреби георграфска одредница за земјава

Од:

Во пресрет на сè поизвесното влегување во НАТО и очекуваното добивање датум за почеток на пристпаните преговори за членство во ЕУ,  независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ  и коалицијата За подобра Македонија, го поздрави писмото кое Антонијо Милошоски го прати вчера до колегите од Данска и Холандија.

Посебно нé радува храбриот чекор на колегата со употреба на уставното име на Македонија, во кое стои и географската одредница северна. Прифаќањето на значајноста на уставните измени за позитивна одлука на ЕУ за пристапување кон европското семејство е вреден исчекор од висок преставник на партијата, велат Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во соопштение до јавноста.

„Се надеваме дека европските интеграции ќе допринесат за подемократска македонска иднина во која правото на сопствено мислење ќе биде високо вреднувано, наместо осудено.

Ги охрабруваме сите да ја поддржат понатамошната интеграција на нашата држава, што не беше секогаш случај. Антонијо како добар познавач на овие процеси е одличен пример да се следи и апелирараме секој да се обиде да допринесе кон посветла македонска иднина и прифаќање на позитивната промена како реалност. Македонците, Албанците, Бошњаците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Египќаните, Хрватите и сите граѓани тоа го заслужуваат.“, се наведува во соопштението на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија

Би можело да ве интересира

Мојсоска: ДПМНЕ ја брише Република Македонија од законите додека Грција го укина Центарот за македонски јазик

Кехаја: Договорот од Преспа предвидува дека името на државата е неотповикливо

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Собранието гласаше возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ да важат до крајот на годината

Предраг Петровиќ