Независната пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го осудија објавувањето на снимките: Средбата со Мицкоски беше во канцеларијата на Мицевски

Од:

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди снимањето и објавувањето на разговори кои, како што посочуваат, се водени на средба со претседателот на партијата Христијан Мицкоски одржана во канцеларијата на координаторот Никола Мицевски во Собранието.

Бараат од надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите.

Во соопштението испратено до јавноста, пратениците истакнуваат дека на Јутуб се објавени само исечоци од по неколку секунди, додека средбата и разговорот со Мицковски траеле подолго.

– Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање. Како и досега, НПГ на ВМРО-ДПМНЕ останува транспарента кон јавноста и чесна во пристапот. Нашите заложби секогаш беа искрени и во интерес на функционални институции, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава