Независна пратеничка група: Оди си, Христијан Мицкоски!

Од:

“Здраво. Ако може да се слушнеме.” Овие зборови не се некој наивен и збунет флерт на млади тинејџери, иако до вчера ако некаде ги прочитавме тоа ќе ни беше првата помисла. Христијан Мицкоски ИЗВИЧНИК е авторот на оваа порака, пазете насочена кон вработен во МВР, за истрага во која се утврдува дали ги прекршил препораките за заштита од Ковид 19“, се вели во сооопштението на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

„Мицкоски вчера рече дека е точно дека пратил порака. За ова знаеме дека е вистина. Убаво освежување во неговото однесување.

Целата небулоза вчера отвори неколку прашања:

1. Дали Мицкоски сака да воспостави нова пракса во МВР, и да ја претвори во кол центар каде секој ќе се јавува за својот случај или само демонстрираше дека тој е посебен, над другите и може да се јавува каде сака?

2. Зошто Министерот дал број на вработен на партиски лидер и дали ако некој граѓанин му се јави ќе добие број од некој кој му го води случајот? Дали за министерот, неговиот партиски шеф е над другите граѓани?

3. Дали ракавиците во случајот Теретана се од отсјајот, обоени или само се прекршени мерките за заштита од Ковид 19?

Ова однесување е само уште еден доказ дека Мицкоски треба да си оди. Признанието за неговото барање за побрзо решавање на случајот е охрабрување на секој еден да го бара истото, или нешто друго во други случаи. Замислете каков хаос би било тоа.

Искрено се надеваме дека истрагата ќе покаже дека барем за ова прашање е искрен, но празната сала во 10:20 на така прометно место како Теретана наведува да мислиме поинаку. За жал.

Ракавиците кои ги носат од обезбедувањето, прво ни се причиниле од отсјајот, сега биле обоени. Зошто омаловажување на министерот со вакви неискоординирани изјави и насоки да лаже?

Ова несериозно однесување не е адекватно за претседател на КИМ, па камоли за претседател на партија. Потценувањето на интелигенцијата на луѓето е опасен избор, а признавањето грешка би било храброст. Нé изненадува зашто Претседателот не вежба во штабот, кога има одлична теретана. Оваа снимка кадешто е сам зборува само за потребата некој да се чувствува посебно дека се отвара само за него. Тажно.

Понудата за јавно соочување, на медиум по твој избор, и време по твој избор, со кој сакаш бидејќи ти имаш храброст да не спомнуваш само кога си сам, се уште е отворена. Ќе позборуваме и на тема: патриотизам“, пишува во соопштението.

 

Би можело да ве интересира

Мукоски за Милошоски: Добро знам во која барака под наем живееше во 2002 година, а колку имот има сега

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео и врачи орден за заслуги на Владанка Авировиќ

Ана Ололовска

Независната пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го осудија објавувањето на снимките: Средбата со Мицкоски беше во канцеларијата на Мицевски

Ана Ололовска

Нова снимка: Мицкоски ги убедувал исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат за Законот за јавно обвинителство

Кристијан Ландов

Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста и лицемерието на Христијан Мицкоски сега ги слушна и јавноста

Ана Ололовска

Независните од ВМРО-ДПМНЕ до Мицкоски: Tие што ти се на врвот во пратеничките листи барале надомест и заштита

Ландов