А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Невреме предизвика два пожари во Крива Паланка

by А1он15/08/2015 - 18:24232
Share0

Невремето проследено со силен ветар, грмотевици и молњи што попладнево ја зафати Крива Паланка предизвика два пожари кои се случија речиси истовремено.

Следете a1on на Instagram Instagram

Едниот се случи во селото Киселица,а другиот во селото Конопница.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски информира дека двата пожари се настанати од силното невреме.

– Во селото Киселица според дојавата на жителите од електрично празнење се запалила сува трева при што зафатени се и борова и дабова шума. Интервенираа две противпожарни екипи со две возила и четири пожарникари. Опожарени се вкупно околу три хектари сува трева и шума. Во селото Конопница, пак, во маало Трнци, спој на електричните кабли кој настанал од силниот ветар запалил сува трева. На оваа локација интервенираа тројца пожарникари. Пожарот зафати околу еден хектар сува трева, изјави Коцевски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од почетокот на месецот досега на подрачјето на Крива Паланка и околината имало вкупно седум пожари, а последниот се случил пред два дена во селото Дрење.

– Специфично е што освен овие два пожари, останатите пет што се случија месецов се во доцните вечерни или раните утрински часови и најчесто се на отворен простор. Овие пожари најверојатно настануваат поради невнимание. Последниот пожар во селото Дрење беше на 13 август и се случи на отворено.

Опожарена беше сува трева, а дваесетина жители на селото помогнаа да се локализира пожарот до доаѓањето на нашите екипи. Ден претходно во вечерните часови се запали помошен објект, односно летна кујна на улицата „Осми октомври“ во населбата Маневци и за среќа брзата интервенција спречи да бидат зафатени соседните куќи. Причинета е материјална штета од околу 60.000 денари, истакна Коцески.

Тој апелира граѓаните да се однесуваат совесно, да бидат крајно внимателни со запалливите материјали и догорчињата при движење на отворен простор.

nevreme

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on09/09/2026 - 18:55

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Предраг Петровиќ30/08/2026 - 09:51

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Горан Наумовски29/08/2026 - 19:42

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 08:43

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Горан Наумовски21/08/2026 - 11:53

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео