Невработените oд Ранковце да аплицираат за проектот „Грижа за стари лица“

Од:

Невработените лица од општина Ранковце заклучно со 14 август да се пријават за учество во проектот „Грижа за стари лица во општина Ранковце“, повикаа од локалната самоуправа на општината.

Проектот ќе се реализира во рамки на Програмата општинско-корисно работа на Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, а невработените лица ќе бидат ангажирани за период од шест месеци.

Од локалната самоуправа на Ранковце ги повикуваат сите долгорочно невработени лица, млади лица до 29 години, лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност, лица припадници на Ромска етничка заедница, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот, родители на три и повеќе деца, лица со незавршено средно или пониско образование да се пријават на огласот.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од дваесет работни часови неделно, за време на работниот ангажман статусот на невработените им останува непроменет, а лицата-корисници на социјална помош за времетраење на проектот ќе имаат право на користење социјална помош.

За лицата кои ќе бидат вклучени во проектот предвидени се месечен паричен надоместок во висина од 9.000 денари.

Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Ранковце или во Агенција за вработување на РМ – Центар за вработување Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Во раните утрински часови локализиран пожарот во Ранковце

Катерина Ѓуровски

Ранковце добива нов систем за наводнување во вредност од 1,7 милиони евра

А1он

Прв регистриран случај со Ковид-19 во Ранковце

А1он

Две тешки кражби во цркви во Општина Ранковце

Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај Псача, сообраќајот во прекин

Наум Локоски

Јанушев: Веруваме дека граѓаните знаат како да одлучат и пред се како да постапат на 30 септември

Наум Локоски