Невработените од Илинден се запознаа со новите мерки за вработување

Од:

Општина Илинден во соработка со Агенцијата за вработување на РМ денеска организираше  работилница за невработените лица што се одржа во новото средно училиште.

– Средбата се организираше со цел на невработените да им се обезбедат информации и детално да им се презентираат активните мерки и програми од Оперативниот план на невработените лица, информира општина Илинден.

На средбата присуствувале градоначалникот Жика Стојановски и раководителот на Центарот за вработување Слободанка Алексовска. Градоначалникот Стојановски ги запознал присутните со активностите што ги презема општината во насока на намалување на невработеноста, а пак, Алексовска со Активните програми и мерки за вработување во 2013 година.

ilinden-nevraboteniOkt (1)

Општина Илинден во соработка со бизнис секторот и државните институции досега организираше повеќе обуки за невработени, со единствена цел да им се помогне на младите што побрзо да дојдат до вработување, како и  намалување на стапката на невработеност, која оваа година изнесува 21 отсто за разлика од 2010 година кога изнесуваше 32 отсто.

Со цел да им помогне на младите невработени да ги зголемат можностите за вработување, од општина Илинден информираат дека и во иднина ќе продолжат со обуки на невработени лица. Досега вакви обуки се одржаа во соработка со претставниците на „Џонсон Мети“, „Пекабеско“, Балканската млекара „Суташ“ и фабриката за работна и заштитна облека „VPTEX-Македонија“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Македонија го одбележува Илинден

А1он