Невладините во 11 и 30 на протест против Законот за абортус

Од:

Дел од невладините организации и денеска во 11 часот и 30 минути, пред Собранието ќе гласаат против предлог законот за прекин на бременоста, бидејќо сметаат дека тоа ги ограничува правата на жената.

Бараат Собранието да не дискутира за овој закон, а министерството за здравство, како предлагач, да го повлече законот.

Во повикот преку социјалните мрежи се вели:

„Целта е да ја пратиме заедно јасната порака до Собранието на Република Македонија да не дискутира за овој закон и Министерството за здравство, како предлагач да го повлече овој закон. Во Македонија не ни се потребни закони кои што ги ограничуваат правата

Овој закон ниту е истиот како оној од ’72, ниту ќе го подобри здравјето на жената. Токму напротив овој закон само ќе ги ограничи жените во слободно донесување на својата одлука за прекинување на бременоста. Овој закон не е подготвен во транспаретна процедура, а најмалку се прашани они на кои се однесува – жените“.

Вчера во Собранието се водеше жестока јавна расправа за законот.

На седницата на Комисијата за здравство се појавија две нови потполно непознати невладини организации, формирани неодамна, кои ги обвинија гинеколозите, кои им сугерираат на жените да одат да абортираат.

Министерот Никола Тодоров рече дека е подготвен да се справи со невладините организации.

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Платформа за родова еднаквост: Медикаментозниот абортус да биде достапна здравствена услуга и во болниците во другите градови

Ана Ололовска

Платформа за родова еднаквост: Абортусот е неопходна здравствна услуга и во време на пандемија

Ана Ололовска

МЗ: Новиот Закон за прекинување на бременоста е донесен и објавен во Службен весник

Ана Ололовска

Изгласан Законот за прекинување на бременоста