ВИДЕО: Невладиниот сектор почна со реализацијата на проектите финансиски поддржани од општина Струмица

Од:

Здруженијата на граѓани кои добија финансиска поддршка по јавниот повик на општина Струмица за оваа 2014 година, почнаа со реализација на своите проектни активности. Во интерес на транспарентноста и отчетната политика, општина Струмица ќе ја следи имплементацијата на проектите и за нив редовно ќе информира на својата веб страница www.strumica.gov.mk.

Денеска, здружението на граѓани „НОВУС“ ја најави реализацијата на проектот „Биди и ТИ претприемач“ чија цел е да го промовира претприемништвото и проектниот менаџмент како клучни алатки на модерното време преку кои младите ќе ги развиваат својата креативност и работните навики.

– Овој проектен циклус ќе биде поделен во неколку фази. Најпрвин ќе започне со работна средба со претставници од училиштата и високообразовните институции, потоа организирање на тркалезна маса со бизнис секторот од општина Струмица за на крај да завршиме со организирање на две работилници, за кои што ќе биде распишан јавен повик. Со овој проект, ќе се настојува на секоја млада индивидуа, преку искористување на креативноста и своите капацитети да размислува во насока на започнување на свој бизнис. Учесниците во овој проект ќе имат можност да се запознаат со карактеристиките на еден претприемач, кои во себе вклучуваат креативност, амбиција, способност за донесување одлуки и преземање на ризици.  Сакаме да создадеме концепт преку кој младите луѓе „проблемите“ ќе ги гледат како можности, а потоа да дејствуваат со цел да се изнајде решение за нив. Нормално, со овој проектен циклус нема да се создаде нов бизнис, но ќе има за цел да го промовира претприемништвото и проектниот менаџмент како клучни алатки на модерното време, а преку обуки, работилници и практична работа младите да ја развиваат својата креативност, да го прошират хоризонтот на своите знаења и да создадат работна навика, рече Ѓорги Тасев, претседател на здружението „НОВУС“.

zdrav zivot

Инаку, реализацијата на своите проекти досега ги најавија и здружението Центар за превентивна медицина и природно лечење  „Јаглика“, Сојуз синдикат на земјоделски здруженија и здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст Струмица“.

Од буџетот за 2014 година, општина Струмица поддржува проектни активности на 21 здружение на граѓани.

Novus

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија