Неверемето во Дојранско ги оштети посевите

Од:

Огромни штети на земјоделските посеви предизвика невремето со град и силен ветер што вчера попладне го зафати дојранскиот регион. Најмногу е погодено селото Николич.

Според земјоделците, површините се речиси целосно уништени.

– Вакво невреме не се памети во селото. Полето е страшно. Се е уништено. Морав со лопата да го чистам градот за да може водата да истече, изјави Симо Јанкулов, жител на Николич.

Градот со големина на орев и силниот ветер скоро ги откорнаа покривите на три куќи во селото.

Од општинската комисија за проценка на штетите од невремето соопштија дека деновиве ќе се излезе на терен за да се утврди фактичката состојба според која ќе биде изготвен елаборат за штетите.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

На „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се 30 минути

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица