Нешев: Неодговорно е однесувањето на македонските скијачи

Од:

Директорот на Планинската служба за спасување при Бугарскиот црвен крст, Емил Нешев, во изјава за бугарското радио „Фокус“, вели дека однесувањето на македонските скијачи било многу неодговорно.

Тој ова го изјави коментирајќи ја вчерашната спасувачка акција, во која петмина македонски скијаци беа извлечени од бездна во која паднале на планината Пирин, бидејќи скијале по необележани патеки.

Нешев не сакаше да зборува за финансиските импликации на оваа акција, но истакна дека ваквото однесување предизвикувало ризик и за туристите и за спасувачите и за доброволците.

„Овие акции немаат вредност, тука не може да се зборува за финансии“, рече Нешев.

По тричасовна акција, синоќа успешно се извлечени петмина македонски сноубордери и скијачи кои залутале и паднале во бездна на Пирин кај Банско, Бугарија. Тие биле спасени околу 21 часот, а во акцијата учествувале десет спасувачи. Сите петмина се во добра состојба.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени двајца пешаци во Скопје – во едниот удрил мотор, во другиот автомобил

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Се излизгал на мразот и паднал во канал: Несреќа кај Чачак

А1он

Денеска се одбележуваат 16 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

А1он

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска