Нерегистрирано во Македонија, движењето на Курти влезе во коалицијата на Меџити, Касами и Гаши

Од:

Движењето Самоопределувње на Албин Курти, ќе биде дел од Европскиот сојуз за промени – коалицијата на опозициските Демократско движење, Алтернатива и Движењето Беса на Изет Меџити, Африм Гаши и Билал Касами. Но, во централниот регистар ова движење не е регистрирано.

А1он го праша Меџити дали и кога ќе биде регистрирано здружението во Македонија, за да може да биде и официјално дел од коалицијата, но тој не одговори на нашите прашања. Вчера, токму Меџити го најави влезот на Самоопределување во коалицијата „Европски сојуз за промени“.

„Од денеска Европскиот сојуз се состои од четири политички партии. Сега значи во овие четири е и Самоопределување, програмата ја работиме заедно, кампањата ќе биде заедничка и ќе бидат дел парламентарните листи, значи ќе има членови и претставници од Самоопределување“, изјави вчера Меџити.

На вчерашното отворање на канцеларија на коалицијата во центарот на Скопје, како претставник на косовскиот премиер Курти дојде Беким Ќоку, кој е негов советник за Македонија. Тој движењето Самоопределување го најави како четврти столб на албанската опозиција во Македонија, но без да каже дали и кога ќе биде регистрирано во земјава.

Инаку, Ќоку е поранешен член на Алијансата за Албанците, партијата на Арбен Таравари која во моментов е дел од владејачката коалиција.

Би можело да ве интересира

Меџити: Победата што ја постигнавме не е случајност, туку резултат на работа, посветеност и доверба што ја изградивме заедно

Меџити: Време е Ахмети да се повлече

Горан Наумовски

Меџити прогласи победа во Чаир, ДУИ заминаа по дома

Меџити: Имав многу посебна средба со младите кои за првпат ќе гласаат на овие избори

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби