Неработниот 7 мај ќе се одработи на 8 јуни

Од:

Владата денеска на седница донесе заклучок на 8 јуни (сабота) да се одработи 7 мај кој поради посетата на папата Франциск беше прогласен за неработен ден во Скопје.

Одлуката се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за градинките и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности.

Владата му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Град Скопје да ја спроведе оваа одлука доколку ја спровеле претходната препорака – 7 мај да биде неработен ден.

Би можело да ве интересира

Рамазан Бајрам -10 април, неработен ден за сите граѓани

Четврток неработен ден, а среда скратено работно време за администрацијата и училиштата во Скопје

ССМ: 15 јули е неработен ден, луѓето кои ќе работат да бараат празнични дневници

Жарко Настоски

Нова Година – неработен ден за сите граѓани на Македонија

Наум Локоски

Следниот петок неработен за припадниците на турската заедница

Наум Локоски

Успение на Пресвета Богородица, неработен за граѓаните од православна вероисповед

А1он