А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ССМ: 15 јули е неработен ден, луѓето кои ќе работат да бараат празнични дневници

by А1он14/07/2020 - 16:09819
Share0

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува дека 15 јули 2020 година, денот на парламентарните избори, од страна на Владата е прогласен за неработен ден за сите граѓани на целата територија на државата и тој нема да се одработува.

Следете a1on на Instagram Instagram

Согласно Уставот на државата секој граѓанин со наполнети 18 години се стекнува со избирачко право кое го остварува на слободни избори.

Член 148 од Законот за работните односи уредил дека работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за државните празници, коишто се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови.

Доколку производниот процес се одвива непрекинато, работодавачот е должен писмено да го извести подрачниот државен инспектор за труд, велат од ССМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува на тоа дека согласно член 24 став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50% како и член 28, став 1, алинеа 5 „ Работодавачот на работникот му исплатува надомест на плата за – празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис“.

За сите работодавачи кои ќе го злоупотребат ова право на работниците, ССМ по пријава од работниците, ќе бара тие да бидат најстрого санкционирани (казнети) од страна на надлежните инспекциски служби, велат од Сојузот на синдикати.

neraboten denssm

Би можело да ве интересира

Нов раст на минималната потрошувачка кошница

Катерина Ѓуровски20/08/2026 - 10:56

Синдикатот алармира до работодавачите: Заштитете ги работниците од топлотниот бран

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:1705/08/2026 - 10:44

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 12:03

Македонија повторно меѓу најлошите земји за работничките права

Катерина Ѓуровски02/06/2026 - 13:2302/06/2026 - 13:38

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 13:14

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 12:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео