Непријавена марихуана најдена во фирма во Свети Николе, поднесена е кривична

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе и против Г.Л. од Свети Николе – одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела по член 95-5 став 1. и член 95-6 с од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

При контрола во правното лице во февруари 2025 година во содејство на полициски службеници од ОВР Свети Николе, Одделението за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Скопје и Министерство за Здравство, било утврдено дека во сеф-собата во објектот за чување на опојни дроги бил констатиран вишок на произведен неевидентиран сув цвет од канабис во количина од 56 килограми.

Исто така, во ќеса покрај сеф-собата за чување на готов производ била пронајдена марихуана, додека во една од халите бил пронајден делумно изгорен сув цвет со нето маса од 254 грама, кои не биле пријавени.

Одговорното лице во правното лице било должно да ги евидентира и пријави сите настанати промени и отстапувања во одгледувањето на канабисот до Министерството за здравство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Би можело да ве интересира

Стружанец доби кривична за даночно затајување – го оштети буџетот на државата за над 73.000 евра

А1он

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана