Непријатната миризба која се шири доаѓа од депонија која не се наоѓа во Аеродром, надлежните да интервенираат за решавање на проблемот

Од:

По пријавите и реакциите од страна на граѓаните за непријатен миризба од запален отпад кој се шири на територијата на Општина Аеродром, општинските инспекциски служби излегоа на терен при што констатираа дека станува збор за согорување отпад од депонија не се наоѓа на територијата на општината.

„Со цел решавање на овој проблем со кој се соочуваат граѓаните, Општина Аеродром веќе упати барање од Градот Скопје за преземање на сите неопходни мерки. Во оваа прилика, упатуваме апел до градската администрација и останатите надлежни институции, во рамки на своите надлежности да преземат се што е потребно за надминување на проблемот.

Здравата животна средина и здравјето на граѓаните е приоритет на Општина Аеродром и во таа насока, а согласно надлежностите на локалната самоуправа ги преземаме сите неопходни мерки за обезбедување на континуитет во одржување на јавната хигиена“, велат од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

По три години затвор добија обвинетите кои направија диви депонии на Вардариште

А1он

Гори депонијата во Арачиново

Горан Наумовски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

На депонија „Вардариште“ живеат над 200 луѓе, потпалувањата се дело на мал дел од тие што живеат таму, вели Тошковски

Нов пожар, гори фабрика за пластика, црни чадови над Скопје

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад