Непознат сторител ги сменил бравите на двете врати во седиштето на Партијата за демократски просперитет во Тетово.
Како што соопшти полицијата, вчера околу 9:45 часот во Полициската станица во Тетово, Н.Б.(54) од Тетово пријавил дека во временскиот период од 15 декември оваа година до вчера, на ул. “Видое Смилевски-Бато“ поточно во седиштето на Партијата за демократски просперитет (ПДП) непознат сторител со употреба на тврд предмет направил оштетување на бравата од металната решеткаста влезна врата, на која бил искинат и катанецот, а потоа направено било оштетување на цилиндер бравата на влезна врата. Лицето потоа ги сменило катанецот како и цилиндер бравите на двете врати.
Од страна на СВР-Тетово извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.