Неповолно мислење за финансиските извештати на Министерството за одбрана

Од:

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива на Министерството за одбрана за 2024 година (четири сметки), при што е изразено неповолно мислење и за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста со законите, упатствата и воспоставените политики.

Ревизијата утврдила дека најголем дел од препораките дадени во Конечниот ревизорски извештај за 2022 година не се спроведени. Од вкупно 13 препораки, една е спроведена, две се делумно спроведени, додека 10 препораки не се спроведени.

Извештајот нотира слабостите во пописот и не воспоставената сметководствена евиденција на потрошувачката на залихите на материјали и стоки, како и не пропишани нормативи за подготовка на храна влијаат на нереално прикажување на наведените залихи; уплатата на дневниот пазар во готово остварен во продажните места на Министерството се врши со задоцнување; при набавка и продажба на стоки и произведени и продадени готови производи во Дом на Армијата не се применуваат и пополнуваат законски утврдените евиденции.

За надминување на утврдените состојби ревизорите дале препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на
подобрување на состојбите.

Во делот „Нагласување на прашања“, ревизијата укажува на потребата од преиспитување на законитоста на Колективниот договор и висината на утврдените надоместоци, причините за големиот износ средства што се исплаќаат по извршни исправи од судски постапки иницирани од вработени лица за неисплатени надоместоци утврдени со Колективниот договор; потребата од преземање на активности од страна на Министерство за одбрана и Армијата и во соработка со Служба за општи и заеднички работи на Влада за обезбедување на документација со што набавените пумпи за вода во 2016 година за санирање на штети предизвикани со поплави во село Стајковци целосно би се преотстапиле на Министерството за одбрана; потребата од координација и соработка помеѓу Министерство за одбрана и надлежни органи за преземање на активности за регулирање на престојот на странските студенти од Воена академија во државата; забрзување на постапките за донесување на Предлог измени и дополнувања на Закон за пожарникарство до Владата и обезбедување на целокупна документација за недвижниот имот купен за сместување на Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО во Брисел.

Во текот на ревизијата од страна на Министерството за одбрана извршени се сметководствени корекции по дадените препораки од Државниот завод за ревизија кои предизвикуваат промени во финансиските извештаи.

Министерството доставило забелешки на Нацрт-извештајот, од кои дел се прифатени, додека останатите не се, поради недоставување нови докази кои би влијаеле на утврдените состојби.

Би можело да ве интересира

Хаос во работењето на Општина Охрид во 2024, констатира Државниот завој за ревизија

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

Катерина Ѓуровски

143 милиони евра потрошени за гасоводите кои не се во употреба

Катерина Ѓуровски

Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија

Нелогични и непостоечки трансакции, сомнтелни манипулации со дневен промет – сериозни сомнежи за работењето на Државна лотарија

Агенција за филм: Извештајот на ДЗР се однесува до крајот на 2024, голем дел од проблемите се надминати