Неоткажувањето на термините за преглед ги зголемува листите на чекање

Од:

Се зголемува бројот на пациенти кои навреме го откажуваат закажаниот термин за преглед/снимање на кој не биле во можност да дојдат, но се уште е голем бројот на пациенти кои не се појавиле на закажаниот термин и претходно не го откажале, а дел од нив не се појавиле на закажаниот термин дури 14, 15 и 17 пати, покажаа резултатите од анализата на податоците на системот МојТермин.

Пациентите кои не можат да дојдат на закажаниот преглед, можат да го откажат со јавување на телефонскиот број 15 444 или со праќање СМС порака на бројот 144 194 со содржина број на упат. На презентацијата на резултатите од анализата на податоците на МојТермин денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров рече дека откажувањето на термините за преглед/снимање изминатиот месец е за 8 отсто зголемено споредено со месец мај, односно во јуни биле откажани 25.668 термини, додека во мај биле откажани 23.806 термини.

Посочи дека со анализата на системот МојТермин е утврдено дека од почетокот на годинава, досега, 125.614 пациенти не се појавиле на најмалку еден закажан преглед, а меѓу нив 106 пациенти не се појавиле на шест или повеќе од шест закажани термини. Поконкретно, истакна министерот, меѓу овие пациенти има пациент кој не се појавил на дури 17 закажани термини во изминативе шест месеци, а друг пациент не се појавил на 15 закажани термини.

Според Тодоров, неоткажувањето на термините сериозно го оптоварува здравствениот систем и е еден од најголемите фактори за вештачки голема листа на чекање. Анализата на податоците од системот МојТермин, потенцира министерот, даваат јасна претстава за причините за зголемените листи на чекање.

– Анализата покажа дека за специјалноста ортопедија во Тетово пациентите чекаат 21 ден за преглед, а доколку се искористеле 1.215 термини на кои пациентите не се појавиле, тогаш пациентите нема да чекаат за преглед подолго од четири дена. Тоа би било намалување на времето за чекање за преглед за повеќе од пет пати. На ортопедија во Охрид за преглед се чека 14 дена, а доколку се искористеле 1.425 термини од страна на пациентите кои имале закажано, а не се појавиле на преглед, нема да се чека повеќе од три до четири дена, рече Тодоров.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада