А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ненад Јовановски нов директор на АД МЕПСО

by А1он17/10/2016 - 10:49235
Share0

Надзорниот одбор на АД за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, МЕПСО го именува Ненад Јовановски за претседател на Управниот одбор и генерален директор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, соопшти денеска АД МЕПСО. Јовановски на позицијата генерален директор и претседател на УО го замени Синиша Спасов кој четири години управуваше со МЕПСО.

Добивај вести на вибер

– Јовановски е дипломиран електроинженер со богато и долгогодишно работно искуство во подружницата Оператор на електропреносниот систем (ОЕПС) во рамки на МЕПСО, а од март годинава досега ја извршуваше функцијата заменик на генерален директор. Јовановски својата кариера во МЕПСО ја започна како оперативен водител во Националниот диспечерски центар (НДЦ). Јовановски работеше 12 години во НДЦ, организациска единица од круцијално значење за ОЕПС и за МЕПСО, од каде во реално време и во континуитет 24 часа секојдневно се управува македонскиот електроенергетски систем. Потоа во период од две години Јовановски беше ангажиран во процесите на организирање аукции за расположливи прекугранични капацитети и други процеси за оперативно планирање во ОЕПС. Кон крајот на јануари 2014 година беше именуван за директор на подружницата ОЕПС и за член на Управниот одбор на МЕПСО, се вели во соопштението од компанијата.

Во него се додава дека Јовановски е член на бордот на директори на SEE CAO, регионална компанија која организира аукции за закуп на расположливи прекугранични капацитети, а го претставува МЕПСО и во Комитетот за системски операции за управување со електропреносните системи на Европската асоцијација на електропреносни систем-оператори (ЕНТСО-Е).

На истата седница Надзорниот одбор ја именувал Елизабета Гиовска за заменик на генерален директор на МЕПСО. Гиовска е дипломиран машински инжинер со 12 годишно работно искуство во енергетиката од кои 10 години во МЕПСО, период во кој, како што посочуваат од компанијата, особено се истакнува нејзиниот досегашен професионален ангажман во Операторот на пазар на електрична енергија (ОПЕЕ), подружница во рамки на МЕПСО.

– Гиовска 10 години наназад активно е вклучена и даде значаен придонес во процесот на спроведување на реформите во сите досегашни фази од либерализација на пазарот на електрична енергија, кои се во делокругот на активности на МЕПСО преку подружницата ОПЕЕ. На функцијата заменик на генерален директор Гиовска доаѓа од позиција раководител на Одделот за организирање на пазарот на електрична енергија во рамки на подружницата ОПЕЕ, истакнуваат од МЕПСО.

Колективот на МЕПСО му се заблагодарува на Синиша Спасов под чие водство во последниве четири години биле реализирани низа проекти значајни за развој на преносната мрежа и за подобрување на доверливоста во управувањето со електропреносниот систем.

– Меѓу овие проекти најзначајни се: изграден и ставен под напон и товар е нов 400 kVинтерконективен далекувод што ги поврзува електропреносните системи на Република Македонија и на Република Србија, изграден и ставен под напон и товар е нов 110 kV далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Битола 3“ и „Битола 4“, изграден и ставен под напон и товар е нов 110 kVдалекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Скопје 1“ – „Југохром“ – „Теарце“ – „Тетово 1“, набавени и имплементирани се нови SCADA/EMS и MMS системи за потребите на управување со електропреносниот систем и за организирање на пазарот за електрична енергија, како и изградба на нова 110 kV разводна постројка за приклучување на преносната мрежа на трансформаторската станица „Петровец“, информираат од АД МЕПСО.

mepso

Би можело да ве интересира

Дефект и краткотраен испад на преносната мрежа, МЕПСО објави зошто голем дел од земјава остана без струја

Катерина Ѓуровски18/05/2025 - 09:2918/05/2025 - 09:59

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Катерина Ѓуровски30/04/2025 - 12:06

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

Горан Наумовски28/04/2025 - 11:58

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Катерина Ѓуровски01/11/2024 - 12:3401/11/2024 - 13:50

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Катерина Ѓуровски31/10/2024 - 11:2931/10/2024 - 13:23

ВМРО – ДПМНЕ: Обвинителството да отвори предмет за сомнежите за криминал во МЕПСО

Катерина Ѓуровски31/10/2024 - 09:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен