Неможноста да се отповика градоначалник е аномалија, треба да се смени порача министерот Перински

Од:

Граѓаните најмногу се жалат на недостапност на услуги кои би требало да ги добиваат од јавните институции, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински откако на прес-конференција посветена на отчет во неговиот ресор соопшти дека во изминатите 100 дена е отворена платформа „Сподели“ на која граѓаните можат да му се обратат на мејлот [email protected] за каков било проблем, предлог, критика и идеја.

Како што рече, тоа е негова лична заложба и посебен фокус со цел тој во улога на медијатор да се обиде да посредува во решавање на нивните проблеми.

-Во суштина луѓето бараат основни потреби, не се обраќаат со некаква квантна физика со што би го нарушила системот или за што треба некој посебен ангажман. Тоа се потреби кои локалните власти и централните власти до сега, за жал, не ги земале предвид. Тука ние пробуваме да најдеме решение, да видиме зошто тоа не се спровело. Пробуваме да најдеме решение и за голем дел од нив најдовме решение, рече Перински одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за 100 дена Влада.

Во врска со новините што се подготвуваат за Законот за локална самоуправа и дали со нив ќе биде предвидено отповикување од функцијата на градоначалник, со оглед на тоа што во постојниот закон стар над 20 години не постои таква можност до истекот на мандатот, Перински смета дека треба да се интервенира за, како што рече, да се смени таа аномалија на законот.

-Токму затоа сметаме дека треба да се интервенира во овој закон преку широк консензус, да слушнеме и интернационални, но и домашни експерти, да најдеме заедничко решение за да ја смениме оваа аномалија на законот, рече Перински.

Дополнително, рече, идејата е законот го опфати и моделот комунална полиција.

-Се соочуваме со секојдневни проблеми – се уништува урбаната опрема инвестирана од локалните самоуправи која се инвестира и потоа останува целосно незаштитена. Затоа сметаме дека Законот за комунални дејности кој е во ингеренции на друго министерство треба да се доработи и доуреди во насока на поголемо обезбедување, на зачувување на оние инвестиции во инфраструктура од локалните самоуправи, а наша интенција е комуналната полиција да ја препознаеме во Законот за локална самоуправа за во иднина да можеме да превенираме вакви девијантни состојби, додаде Перински.

Нагласи дека има уште неколку работи кои се планираат да се адаптираат во законот, пред се, како што рече, идејата е да го приспособат законот согласно со модерните услови на живеење.

Би можело да ве интересира

Пратениците ја завршија расправата за измените на Законот за локална самоуправа

Перински: Очајна е состојбата во Град Скопје, донесовме заклучок Арсовска да подготви план и да видиме кои се потребите за решавање на состојбите

Предраг Петровиќ

Перински: СДСМ не смее преку притисоци врз ДИК да го попречува одржување на референдумите

Наум Локоски