Нема врска која ја прави кошничката, Владата нема концепт за минималната плата вели Филипче

Од:

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, во однос на замрзнување на програмите на УСАИД од страна на новата американска администрација, смета дека САД треба да и останат партнер на земјава.

-Сметам дека одлуката за замрзнување на програмите на УСАИД може и не е дефинитивна. Ќе видиме како ќе се развива во следниот период поради тоа што новата адиминистрација на претседателот Доналд Трамп влегува во разговори и преговори, сакајќи да ги постигне ефектите во тоа што го најавува во однос на другите земји. Тоа е една сериозна помош која ние сме ја добивале прво како држава изминатиот период, влијаело и во намалување на дефицитот а секако сметам дека САД треба да најдат форма доколку сакаат да ја променат, и да останат партнер на земјава, изјави Филипче во одговор на новинарско прашање по посетата на црквата Св. Спас, каде се оддаде почит по повод раѓањето на Гоце Делчев.

Во одговор на прашање за потрошувачката кошничка, Филипче рече дека она што се случувало во претходните денови е само уште еден доказ дека владата апсолутно не е заинтересирана за стандардот на граѓаните и го остава на последно место.

-Немало никаква конструктивна дискусија за минималната плата за време на состанокот на Економско социјалниот совет, се навлегува во некакви анализи, формирање некакви комисии кои сметам дека нема да дадат никаков резултат. нема никаква врска на кој начин се пресметува синдикалната кошничка, кога луѓето одат во маркет и ги купат потребните продукти едноставно нема доволно пари во паричниците, рече Филипче, додавајќи дека луѓето не можат да врзат крај со крај.

Според него, Владата мора да е свесна дека е апсолутно виновна затоа што стандардот на граѓаните постепено се намалува и обвини дека власта нема никаква стратегија ниту за минималната ниту за просечната плата, а цените апсолутно неконтролирано растат.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашите деца да јадат корења, а нивните да патуваат со бугарски пасоши

А1он

Помислив дека е нешто од рубриката „верувале или не“, вели премиерот за антикорупцискиот закон на СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава

Катерина Ѓуровски

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски