Нема веќе вакцинирање против беснило и јазлеста кожа, ќе се врши само мониторинг

Од:

Престанува вакцинацијата против јазлеста кожа кај говедата и против беснило кај дивите животни.

Како што информира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, опасноста од јазлеста кожа е помината со оглед дека болеста не е присутна во земјава од 2017 година. Превенцијата ќе продолжи со следење на состојбата, односно со мониторирање на фармите.

Ова важи и за беснилото кое не е присутно од 2012 година, а последен пат вакцини во вид на мамки беа фрлени лани есента. И во овој сегмент ситуацијата ќе се следи со мониторирање.

-На добар пат сме да покажеме дека овие две болести ги нема кај нас. Тоа ќе значи можност за поголем извоз и унапредување на економијата, но и подобрена здравствена заштита и на животните и на луѓето, рече Атанасов.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он