Нема веќе наплаќање „од ракав“ за такси превоз во Охрид

Од:

Од денеска во секое такси возило кое има лиценца за превоз, задолжително мора да биде истакнат ценовник. Ова е само една од мерките преку кои локалната ќе ги отстранува проблемите натрупани во такси превозот.

„До нас во изминатиот период пристигнаа многу поплаки како од охриѓани, така и од гостите, за неразумни таксисти кои наплаќаат по сосптвена волја и интерес.

– За да се спречи оваа негативна појава го изработивме ценовникот, кој е на македонски и на англиски јазик. Со тоа, секој патник ќе има увид по која тарифа и цена треба да му се наплати.

– Апелирам до сите да внимаваат и ако се случи злоупотреба, веднаш да ја пријават на броевите 198- УЈП и 192 – Полиција, каде можат да пријават во секое време од денот, а ние како локална самоуправа потоа ќе ги преземеме соодветните санкции“, изјави секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.

Од ТЛЕР потенцираат дека освен ценовникот, во секое такси возило од денес, мора да биде истакната и лиценца за вршење превоз, што ќе значи дека е легитимирано и пријавено согласно законските прописи.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство