Нема веќе бесплатен паркинг во Охрид

Од:

На местата кои до сега беа слободни за паркирање во центарот на Охрид, сега се наплаќа за користење на паркинг просторот. Од пред неколку денови, на Градскиот полигон кој граѓаните го користеа огромниот простор, Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ почна да им наплаќа на оние кои ги оставаат своите автомобили тука.

Одлука за почеток на наплата на тој паркинг простор од страна на Советот на Општина Охрид се уште нема. Од опозиционата СДСМ потенцираат дека додека тие беа ја предводеа локалната власт во Охрид, дека граѓаните имаа и слободен паркинг каде што можеа да ги оставаат своите автомобили.

Координаторот на советничката група на СДСМ обвини дека Локалната самоуправа предводена од ВМРО – ДПМНЕ ги остава граѓаните на Охрид без можност за бесплатно паркирање.

jovan-stojanovski

Денес, локалната власт, предводена токму од ВМРО – ДПМНЕ почна да наплатува паркинг и на просторот на кој можеше слободно да се паркира. Примери за тоа се воведувањето на наплата за паркирање кај поранешниот Градски полигон и кај Центарот за обука на вода. Тоа се делата на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид – вели Јован Стојановски, координатор на Советничката група на СДСМ.

А1он претходно пишуваше и за незаконската промена односно покачување на цените за користење на паркинг просторот, исто така без одлука на Советот на Општина Охрид. За секоја промена на цените, на зоните и за секој простор за наплата на паркинг одлука треба да донесе Советот кој многу пати беше прескокнат.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство