А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Нема пријавени штети во земјава од земјотресите во Албанија

by Маја Илиевска-Пачемска26/11/2019 - 09:4626/11/2019 - 09:56357
Share0

Во Центарот за управување со кризи засега нема пријави за штети од земјотресите во Албанија. Од таму најавија дека дополнително ќе ја информираат јавноста во текот на денот доколку добијат пријава на штета.

Следете a1on на Instagram Instagram

Сеизомолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и официјално соопшти дека утрово се регистрирани серија земјотреси, чии епицентри потекнуваат од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч, на растојание 170 km југозападно од Скопје.

„Најсилен досега од оваа серија е земјотресот во 03:54 часот со локална Рихтерова магнитуда од 6.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката. Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката односно во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар и Тетово, IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени според истата скала во источните делови“, известија од Сеизмолошката опсерваторија.

Од Центарот за управување со кризи велат дека граѓаните засега само сакаат да се информираат за земјотресите и за тоа од каде е нивниот епицентар.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во Албанија медиумите јавуваат за најмалку шест жртви од серијата земјотреси и големи материјални штети.

zemjotres

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прогласена национална катастрофа во Колумбија: Најмалку 80 загинати во силниот земјотрес

Предраг Петровиќ10/08/2026 - 20:3310/08/2026 - 20:34

ВИДЕО: Силен земјотрес од 7,4 степени ја погоди Колумбија, има жртви и повредени

Предраг Петровиќ10/08/2026 - 16:0510/08/2026 - 18:55

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Горан Наумовски04/08/2026 - 12:2504/08/2026 - 12:26

Црн биланс во Венецуела: Над 6.000 загинати, десетици илјади се повредени

Горан Наумовски04/08/2026 - 06:43

Силен земјотрес во Италија – траеше повеќе од 20 секунди

А1он31/07/2026 - 21:07

Перу повторно погодено од два силни земјотреси во ист ден

Горан Наумовски31/07/2026 - 06:5731/07/2026 - 07:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео