Нема прекршување за гласањето во скафандери, инспекцијата ги провери протоколите во Собранието

Од:

Не се констатирани неправилности и мерките предвидени за заштита од Ковид-19 во целост се обезбедени од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден надзор. Директорката Јована Тренчевска вели дека при вонредниот надзор им биле дадени на увид сите интерни протоколи дадени од Комисијата за заразни болести по кои се постапува при работењето.

„Вонредниот надзор беше по допрен глас по случувањата викендов. Инспекторите не најдоа неправилности. Беше направена контрола во сте работни простории, сите сали, лифтовите, ходниците, се проверуваше почитувањето на протоколите на влезовите и излезите, а дел од контролата беа и посебните простории од кои гласаа изолираните пратеници. Се правеше контрола буквално во сите работни простории, секаде каде што се движат вработените. На увид ни беа дадени и протоколите по кои се работи, како и споменатото надополнување од ноември. Ние утврдивме дека протоколите ги има во Собранието и дека се почитуваат. Издадени се од Комисијата за заразни болести, а понатаму причината за нивно издавање не е наша надлежност“, изјави директорката Тренчевска за „А1он“.

Вработени во Собранието на инспекторите на увид им ги дале донесенитe акти за спроведување на мерките за заштита и спречување на коронавирусот, донесени  од почетокот на пандемијата сукцесивно. Се однесуваат на работата на службите во Собранието и одржувањето седници регулирани со протокол од 30.7.2020 година, а надополнет со постапка за спроведување гласање за пратеници што се во домашна самоизолација од 17.11.2020 година. И протоколот и надополнувањето инспекторите утврдиле дека се одобрени од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Во неделата во Собранието гласаа и двајца пратеници на СДСМ позитивни на Ковид-19, кои дојдоа во скафандери и беа изолирани во посебни простории. Тие објаснија дека дошле за да дадат поддршка и да обезбедат кворум за петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и граѓаните, кои два месеца се заглавени во Собранието. Нивното присуство беше потребно само за 32. седница, на која беа изгласани 21 закон, а за кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека нема да гласаат оти не се во интерес на граѓаните, туку служат само за покривање на криминалните афери на СДСМ и ДУИ. За законите на 32. седница гласаа 62 пратеници, а кога на дневен ред стигна 36. седница со економските мерки, пратениците од опозицијата влегоа во салата и за нив гласаа 115 пратеници.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови