Нема повредени откако падна кран на градилиште во Битола

Од:

Попладнево во 14.30 часот на градилиште во поранешната битолска касарна падна кран. Нема повредени лица.

Портпаролката на СВР Битола Сања Стаматова истакна дека случајот во СВР Битола го пријавил граѓанин, а веднаш потоа на терен излегла увидна екипа.

-Во 14:30 во СВР Битола пристигна пријава од граѓанин, а потоа и од уште неколку други граѓани кои забележале дека паднал кран на градилиште во поранешната касарна. Наши полициски службеници веднаш излегоа на терен, извршија увид и констатираа дека нема повредени лица, ниту пак има пријава за повредени лица во битолската Клиничка болница. Сепак, според процедурата, вршиме утврдување на причините за пад на кранот, изјави Стаматова.

Поранешната касарна во Битола од поодамна е градилиште. Бројот на станбени објекти се зголемува и тој простор станува нов урбан дел на градот.

Би можело да ве интересира

Почина 25-годишно момче откако се повредило на градилиште во Скопје

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Кочанчанец двапати во еден ден спречил инспектори да извршат контрола на градилиште

Жарко Настоски

Повреден малолетник од Албанија при работа на објект во Гостивар

Татјана Ташкова