Нема подолги задржувања на граничните премини

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, информира во утринскиот извештај за состојбата на патиштата Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до местото викано Острово, сообраќајот ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од четири километри. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Би можело да ве интересира

Каминоските превозници и натаму ги блокират граничните премини

Катерина Ѓуровски

Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение

Катерина Ѓуровски

Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ