„Нема оправдување„ – секоја трета жена во земјава е жртва на семејно насилство

Од:

Нема и нема да има оправдување за домашно насилство, сексуално вознемирување, силување, присилен брак, кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“, трговијата со жени и девојчиња. Ова го порача премиерот Зоран Заев вечерва обраќајќи се по повод одбележувањето на 25 Ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жената.

Тој потенцира дека со чувство на одговорност треба да развиваме култура која не прифаќа насилство.

-Само заеднички и со координирани активности можеме да се спротивставиме на насилството. За насилството не треба и не смее да се молчи. Како општество и држава мора да реагираме. Не може да има неказнивост за насилство особено врз жените и девојчињата, рече Заев и порача дека за насилството треба има нулта толеранција.

Заев посочи дека во земјава има усвоено законодавство против насилството на жената и за суштинска родова еднаквост во сите области, а се спроведуваат и активности за подигнување на свеста. Нагласи дека тоа е и еден од приоритетите на Владата.

Со настанот во паркот „Жена борец“ обоен во портокалово, се одбележа почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека зад портокаловата боја се крие фактот дека секоја трета жена во Северна Македонија е жртва на семејно насилство.

-Зад статистиките стојат жени и девојки на кои насилството, стравот, дискриминацијата им се секојдневие. Портокаловата ќе остане само боја се додека не се сменат бројките, се додека секоја жена и секоја девојка не ги добие своите права. Се додека не изградиме свет каде сите ќе бидеме безбедни и еднакви, рече Царовска и додаде дека за ваков свет треба да продолжиме да се бориме секој ден од годината.

Царовска оцени дека е најдобро да се создаде механизам за превенција на насилството. Клучно во справување со овој проблем, според неа, е женската солидарност.

Настанот се одбележа под мотото „Нема оправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“.

Би можело да ве интересира

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Кривична пријава за таткото на Меланија за семејно насилство

Таткото на Меланија која бараше помош на социјалните мрежи ќе биде сместен во болницата во Демир Хисар

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Не мора да има жртви за некој да нè слушне: девојка од Куманово бара помош во страв од таткото кој е насилен алкохоличар

Катерина Ѓуровски

Девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, петмина приведени

Катерина Ѓуровски

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода