Нема одлука за „Иловица“ додека не се усогласат ставовите на сите страни, вели Бошњаковски

Од:

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека нема да биде донесена никаква одлука за рудникот „Иловица“ се додека не се усогласат ставовите на сите засегнати страни.

Одговарајќи на новинарско прашање по редовната прес-конференција во Владата, Бошњаковски истакна дека Владата нема да направи ништо на штета на граѓаните.

– Владата е во постојана комуникација со сите засеганти страни, вклучително и со инвеститорот и со граѓаните од регионот. На последната средба во Струмица се утврдија сите наредни чекори. Ништо нема да се одлучи во однос на рудникот „Иловица“ без да се постигне заедничка согласност на сите страни. Во овој момент се работи на тој процес, рече Бошњаковски.

Граѓаните се против изградбата на рудникот за бакар и злато и бараат одземање на концесијата. Тие минатата недела со двочасовна блокада на крстосницата на влезот во Струмица од правците на Валандово и граничниот премин Ново Село го искажаа своето незадоволство од изградбата на рудникот.

Би можело да ве интересира

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Светот се подготвува за недостиг на бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата