Нема нови пацинети кои се тестираат за коронавирус, точноста на досегашните резултати проверени и во Германија

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека нема нови пациенти кои јавиле симтоми на коронавирус и кои се тестираат. За веќе објавените резултати, Филипче потенцираше дека истите се репроверени во лабораторија во Германија, која е супервизија на нашата лабораторија.

„Нема нови пациенти кои се тестираат за коронавирусот. Новина е што во текот на вчерашниот ден стигнаа резултати од лабораторијата од Германија, кои ги потврдија сите наши тестови. Тоа е потврда за точноста на нашата лабораторија на Институтот за јавно здравје. Набавка на дополнителна опрема е во тек, за да се дополнат нашите резерви. Дезинфекционите средства уште утре ќе бидат доставени од основните училишта“, рече Филипче.

Граничниот премин Табановце е нафреквентното место од каде влегуваат лица кои патуваат од Северна Италија. Филипче вели дека таму нема проблеми и се почитуваат сите прописи.

„Во посета сме на граничниот премин Табановце за да видиме дали припадниците на Царинската управа, МВР, како и на Центарот за јавно здравје се соочуваат со некакви проблеми или предизвици. Можам да кажам дека работата тече одлично. Целосно се почитуваат прописи, тоа значи дека се прашува секое лице, односно се прави епидемилошка анкета, а ако е позитивна се праќа кај епидемиолозите. Смеам дека ова е одлична координација“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски