Нема настрадани македонски државјани во Истанбул

Од:

Според првичните официјални информации, нема македонски граѓани меѓу повредените и загинатите во синоќешните бомбашки напади на меѓународниот терминал на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, информираат од Министерството за надворешни работи на Македонија.

Од македонското МНР воедно изразуваат длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени.

Потенцираат дека се во постојана комуникација со македонската амбасада во Анкара и со Конзулатот во Истанбул, а редовна комуникација имаат и со турските власти.

Инаку, авионот што синоќа полета од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ бил пренасочен и слетал на аеродромот во Измир.

Денешниот претпладневен лет од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е предвидено да се реализира со задоцнување, додека вечерниот лет е откажан.

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги прекина времено летовите. Националниот авиопревозник соопшти дека сите резервации за летовите од и до аеродромот Ататурк во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули 2016 година ќе бидат презакажани или патниците можат да си ги побараат парите доколку сакаат до 31 јули.

Најмалку 36 луѓе загинаа и 147 се повредени во троен самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром Ататурк.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека првите знаци укажуваат дека станува збор за напад извршен од т.н. исламска држава. Напаѓачите почнале синоќа околу 22 часот да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и подоцна се разнеле со експлозив што го носеле на себе, соопштија турските власти.

Аеродоромот „Ататурк“ во Истанбул годишно го користат повеќе од 60 милиони патници.вг/цр/11:27

Би можело да ве интересира

Зеленски: Тројца убиени во руски масовен напад врз Украина

Кавадарчанец ја нападна сопругата, па постави ГПС локатор во нејзиното возило

А1он

Терористички напад во Израел, ранети се двајца мажи, напаѓачот викал „Алах акбар“

По 22 часа и преспивање во расипан автобус, македонските туристи уште се враќаат од Истанбул

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Македонски туристи со страв се враќаат од Истанбул – автобусот само што не се запалил

А1он

Најмалку едно лице загина, а шест се повредени во напад со нож во Канада