Нема исчезнато бебе од клиника – пријавата е лажна, жената е приведена

Од:

Лажна е пријавата за наводно исчезнато дете од Клинички центар, информираат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден информација дека исчезнало бебе од клиничкиот центар ја разбранува јавноста. Неколку институции се мобилизираа и ја проверуваа информацијата. Но по сите проверки и во клиничкиот центар но и од страна на МВР е заклучено дека се работи за лажна пријава и пријавителката е лишена од слобода.

„ Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Скопје го расчисти случајот со наводно исчезнато дете на Клинички центар и утврдено е дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А..Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО Скопје преземени се соодветни мерки и активности. “, велат од МВР

Додаваат дека се направени и детални проверки во системот на Гинеколошко акушерска клиника Скопје за примени пациенти, и притоа констатирано е дека Л А. последен пат е хоспитализирана во 2019 година.

Исто така направени се проверки во системот на Детска клиника и притоа не е забележано новородено дете како што пријави Л.А..

Направени се проверки во ординацијата на матичниот лекар на Л.А. и притоа констатирано е дека таа била на преглед на 08.03.2023 година каде што од страна на докторот е констатирано дека Л.А. не е трудна.

Извршен е разговор со докторот и од прибраните докази е констатирано дека пријавата на Л.А. е лажна.

Во консултација со дежурен јавен обвинител Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он