Нема интерес за плажите во Охрид и Струга

Од:

Неколку охридски плажи ова лето ќе останат со „слободен влез“ за посетителите. Со нив ќе нема кој да управува, бидејки некои од досегашните концесионери нема да учествуваат ниту на утрешното второ по ред јавно наддавање кое го организира Министерството за транспорт и врски. Некои од понудените плажи никогаш досега не биле користени за таа намена, па за нив и воопшто нема интерес.

Досегашните концесионери на кои им истекоа договорите уште во септември, првично реагираа на условите кои државата ги постави. Бараа истите закони и правила на игра како за Охрид да важат и за Струга. И покрај се сепак има и такви кои ќе се обидат да останат стопани на плажите и во иднина. Тоа било резултат на одредените отстапки кое ги направило Министерство за транспорт и врски во последен момент

Ако на почетокот седневме сите заедно ќе постигневме многу повеќе и плажите веќе ќе беа доделени и уредени. Најповолните понудувачи на 18- ти договоривме да се избегне едната гаранција од милион денари која требаше да трае до 2017 година. Тоа е едната поволност. Втората поволност е со примањето на плажите на најповолните понудувачи ќе следува член во договорот во кој цената на плажите во иднина ќе се формира од наредната година врз база на локацијата рече Љупчо Нечкоски-плажа Акапулко

За разлика од Охрид, во Струга, досегашните концесионери чии што договори истекуваат наскоро ако сакаат да стопанисуваат со плажите и во иднина ќе треба да склучат анекс договри со општината на уште две години. Од 2014 локалната во Струга целосно ги презема надлеженостите над крајбрежјето. Државниот градежен и општински инспекторат деновиве направил контрола и мерења на струшките плажи за да се види дали има одредени објекти кои се изградени, а кои отстапуваат од елаборатот за градба иако е евидентно и со голо око дека некои од објектите се од цврста градба наместо да бидат монтажни објекти

Општина Струга немаше надлежност да врши контрола над работите над објектите кои беа дадени под концесија како градски плажи. Договрите истекуваат и сега надлежностите сега ги презема општината. Таму каде што има одстапувања, инсопекторатите ќе донесат соодветни мерки за одстранување односно за ставање во мери и граници согласно елаборатот, рече Зоран Гулицоски секретар во ошштина Струга

Гулицоски вели дека врз основа на контролата направена уште во јули минатата година од страна на комисијата при министерството за транспорт и врски утврдено било дека нема посериозни одстапувања од договорите, но проблем е тоа што некои од објектите биле изградени после таа контрола. Инаку во Струга во моментот седум плажи се издадени под концесија.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион