„Нема да нè снема“ – Осмомартовски марш за женските права во Скопје

Од:

Со минута молк и пораки за правда започна денешниот традиционален Осмомартовски марш во Скопје, организиран од повеќе граѓански иницијативи и здруженија. Маршот стартуваше точно напладне од паркот „Жена борец“ од каде учесниците се упатија кон Градскиот парк и бистата на Вера Јоциќ.

Слоганот на маршот „Нема да нè снема“, како што велат организаторите, ја изразува непоколебливата и нужна борба на жените да опстојат во систем и општество што ја загрозуваат нивната безбедност, не ги штитат од насилници, ги забораваат, ги оставаат на маргините и ги бришат.

Учесниците на маршот истакнаа дека празничните честитки не се доволни, доколку паралелно не се работи на искоренување на родово базираното насилство, економската нееднаквост и системската дискриминација.

Маршот се одржува во чест на борбата за женските права и историската традиција на 8 Март, кој симболизира солидарност и отпор во борбата за еднаквост и достоинствен живот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин се гуши, кашла, губи здив: Објавено е видео од рускиот претседател кое јавноста не требаше да го види

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Маск: Летови до Марс веќе во 2026 година

Редок метеорит од Марс продаден за 4,3 милиони долари

А1он

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

A1on