Нема да дозволиме ДУИ да одлучува кои жртви заслужуваат правда, велат од ВЛЕН

Од:

ДУИ, по 22 години владеење и уништување на правосудниот систем, денес се обидува да глуми жртва, барајќи истрага само за трагедијата во Кочани. Но, граѓаните не забораваат: Кој го создаде овој расипан систем? Кој ги штитеше криминалците? Кој ги претвори судовите и обвинителството во приватни партиски канцеларии?
ВЛЕН нема да дозволи вистината да се манипулира! Бараме анкетна комисија за сите трагедии од изминатите години – од Ласкарци, Модуларната болница, Беса Транс, па сè до Кочани. Нема да дозволиме ДУИ да одлучува кои жртви заслужуваат правда, а кои треба да се заборават, велат од ВЛЕН.

– Доста со манипулации! Граѓаните знаат кој го создаде овој корумпиран систем и кој со години ја покриваше неправдата. ВЛЕН ќе продолжи да се бори за вистинска правда, а не за политички фарси на партија што веќе е минато, тврдат од коалицијата.

Би можело да ве интересира

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Вреди: Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби