А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нема амнестија за насилниците од 27 април во Собранието

by А1он27/04/2018 - 17:46181
Share0

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Парламентот Талат Џафери денеска отфрлија можност за закон за амнестија за лицата инволвирани во насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, лани, за кои се водат судски постапки.

Добивај вести на вибер

– Не сакам ни да помислам дека некој размислува за такво нешто, закон за аменстија. Верувам дека никој и не размислува, но и ако некој потајно размислува убаво е да се откаже од такво размислување, рече Заев на прес-конференцијата во Собранието на годишнината од насилствата.

Доколку Заев, како што рече, помисли и на такво нешто, против него ќе се свртат пратениците, новинарите и камерманите, но и граѓаните.

– Законот мора да важи еднакво за сите, рече Заев.

Џафери, пак, вели дека нема место за размислување за таква опција (амнестија) затоа што, како што кажа, милион граѓани за најситна повреда на правилата и на законите се соочуваат со процес на правда и правдина низ системот онака како што е предвидено.

– Не мислам дека решението за самата опозиција е во фактот и во можноста формално да се постави и да се покрене една таква иницијатива. Без оглед што можеби тоа и го пропагираа во почетокот после настаните, јас сум убеден дека после една година цврсто се мислат и тие дали би направиле еден таков чекор. Мислам дека сватиле што се случило, да не кажам што направиле, рече Џафери.

Кажав, додаде тој, простувам, но не заборавам што се случило затоа што доколку заборавам или заборавиме, тогаш постои можност да ни се повторат заборавените работи коишто сме ги надминале.

– Од таа причина сметам после една година ни самата опозиција веќе не стои на тој став дека треба да има амнестија без оглед декларативно што ќе кажат, дециден е Џафери.

Премиерот Заев не одговори дали знае или се сомнева во тоа кои се инспираторите на настаните од 27 април, туку рече дека верува оти низ доказната постапка преку истрагата ќе се утврди максимално вистината по која што, вели тој, а веројатно и сите граѓани трагаат.

– Не само насилниците, не само директно вклучените, можеби и инспираторите, тајно организаторите од позадина на овој настан. Ако има докази, јас сум убеден дека преку тие докази ќе се утврдат и инспираторите. Ако нема докази верувам дека постои време и можност кога ќе се појават. Никоја тајна не останува трајна никаде, рече премиерот.

Зијадин Села, кој најмногу настрада во насилствата, како и пратениците од опозицијата, биле поканети да присуствуваат на прес-конференцијата, но тие не дојдоа.

27 aprilsobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен