Нелоски: СДСМ не дозволи студентите да добијат бесплатен компјутер

Од:

„СДСМ не дозволи студентите да добијат бесплатни компјутери.

Паднаа маските. СДС кој ветуваше брда и долини за младите и студентите, уште веднаш им го сврте грбот и заборави на се што ги излажа.

СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери.

Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а го одби СДСМ предвидува редовните студенти од семејства чии месечни приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, а кои за прв пат се запишуваат во трета и четврта година на студии на високо образовните установи во Република Македонија да добијат бесплатни компјутери.

Дополнително бонови-ваучери во овој закон е предвидено да им бидат доделени на сите студенти кои се евидентирани како лица со посебни потреби а се запишани во било која година на студии на високо образовните установи во Република Македонија.

Ова предвидува еден вид на продолжување на проектите кои ги спроведуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години во насока на подобрување на животот на студентите и младите во Република Македонија.

Преку проектите за издавање на бесплатни ваучери кои беа спроведени од ВМРО-ДПМНЕ, 5.243 студенти им беше овозможено да земат бесплатни таблет компјутери, додека пак 28.319 студенти добија ваучери за набавка на персонален компјутер.

Додека пак СДС и после 100 дена откако управуваат со Владата, не само што не отпочнаа ниту еден корисен проект за младите и државата, туку нанесоа и неизмерна штета.

СДСМ лицемерно од една страна ветуваше поддршка и грижа за младите и студентите, а од друга страна крати финансиски средства наменети за нив.

СДСМ со новиот буџет скрати 21 милион евра наменети за Министерство за образование со кој беше предвидено да се изградат нови средни училишта, нови основни училишта, нови спортски сали, нови универзитети, потоа да се изградат студентски домови, лаборатории и така натаму. Со ова, СДСМ уште еднаш го сврте грбот на младите и на студентите.

Токму затоа младите како и секогаш, така и овој пат беа извисени од страна на СДС. Затоа на 15 октомври СДС ќе бидат казнети за сите лажни ветувања и лицемерни политики“, изјави Владимир Нелоски, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел