Нелоски: Младите се изманипулирани од СДСМ

Од:

„Владата на СДС во првите 100 дена не исполни ниту едно ветување кое го даде кон младите во текот на изборите. Младите се изманипулирани од страна на СДС. Младите гледаат дека се што ветија Заев, Шекеринска и Богоев, и излажаа. Тие ја потценија интелегенцијата на младиот човек во Република Македонија.

СДС едно ветуваа додека беа во опозиција, а друго прават кога се на власт. Тие ветуваа брда и долини и на крај извисија.

Младинската гаранција е уште една огромна лага за предизборна манипулација со младите.

СДС со овој проект ветуваше дека по завршување на своето образование, од државата секој млад човек ќе добие вработување, дообучување или продолжување на нивното образование.

100 дена откако СДС седнаа во влада, а ни трага ни глас од овој проект. Младите се уверија дека ова е уште една предизборна лага на СДС, односно уште една од многуте лаги на СДС за младинската политика.

Пратениците на СДС, меѓу кои и Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ и другите кои велеа дека младите ќе бидат на првото место, со ребалансот на буџетот не предвидоа ниту денар за овој проект, а скратија и многу други проекти за младите.

Очигледно и за жал СДС нема намера да реализира ниту еден проект за младите кои беа грубо излажани.

Владата на СДС не само што не го реализира проектот младинска гаранција, кое е нивно најголемо предизборно ветување, туку со ребалансот и скрати 1.5 милијарда денари од буџетот за образование.

Да почитувани, СДС скрати 1.5 милијарди денари од буџетот за образование, тоа се скратени средства за изградба и реконструкција на училишта, студентски домови, спортски сали, универзитети и факултети и превод на стручна литература од најголемите светски автори.

СДС крати, блокира и урива, СДС не отпочна, ниту еден проект за младите, затоа и ќе бидат казнети на претстојните локални избори на 15-ти октомври.

Младите многу брзо ќе си ја вратат државата на прав пат и ќе гласаат против лагите на СДС, Заев и Богоев“, изјави Владимир Нелоски, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски