Нелоски: Богоев наместо да пресметува весела математика треба да им погледне на фактите во очи

Од:

Стефан Богоев наместо да пресметува весела математика која ни тој самиот не ја разбира, треба да им погледне на фактите во очи. А, фактите се поразителни. Не, само за Стефан Богоев, младиот олигарх од СДСМ туку и за целото СДСМ, вели Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

За првпат во историјата на независна Македонија, после 20 години ВМРО-ДПМНЕ постигна договор за утврдување на минимална плата која сега изнесува 10.080 денари и истиот го уреди со закон, што значеше сигурност за македонските граѓани, и се работи на континуирано покачување на истата. Исто така просечната плата е зголемена неколку кратно, што го потврдува напредокот во социоекономската сфера.

Се изгради нов студентски дом – Стив Наумов, а беа реконструирани и дел од постојните објекти на студентските домови. Реконструиран е и блок Б од студентскиот дом Гоце Делчев, а се чека мебел за негово опремување за да се пушти во употреба. Лифтовите во сите студентски домови се заменети со нови, дополнително ќе се градат и 3 нови студентски домови.

Да потсетиме дека во време на СДСМ кога државата ја водеа постарите партиски колеги на Богоев, студентите имаа само неколку стипендии кои редовно ги добиваа децата на црвената боржуазија на СДСМ. Денеска студентите имаат можност да искористат над 40 различни видови стипендии, а воведена е и една од најважните стипендии за упис на еден од 100-те светски најдобри универзитети, што уште еднаш ја покажува грижата на ВМРО-ДПМНЕ за образованието на младите.

Намалена е партиципацијата за студентите. Некогаш студирањето беше привилегија за децата на олигарсите и членовите на СДСМ, денеска е реалност за сите. Од 800 до 1200 евра колку што беше во времето на СДСМ сега студентите плаќаат за партиципација 200 до 400 евра. Дополнително од 2017-та ќе се намали за 50% партиципацијата за студенти од самохрани и еднородителски семејства, а од академската 2017/2018 ќе се стимулира уписот на техничките факултети.

Овозможен е бесплатен превоз за студентите каде што има јавни претпријатија за превоз, а воведен е и бесплатен железнички превоз секој прв и трет викенд во месецот, а ја искористиле 83.874 студенти и им се заштедени милиони денари.

Реконструирана е библиотеката Браќа Миладиновци, а се подготвува и комплетно реновирање на истата. Се подготвува реновирање на НУБ Свети Климент, а ќе се прават читални во Прилеп, Струга, Гевгелија, Струмица, Аеродром, Велес и уште една мултифункционална читална во Скопје. Незамисливо во времето на СДСМ.

Очигледно младиот олигарх Стефан Богоев нема реална претстава за проектите кои се реализирани, нема реална претстава како живееле студентите во времето на СДСМ и нема реална претстава како е да си нормален студент со нормални примања и да ги имаш сите олеснувања кои се воведени, бидејќи Стефан Богоев е дете кое потекнува од енормно богато семејство. Поседува неколку станови, живее во луксузна куќа, вози неколку различни скапи автомобили, студирал на приватен факултет каде што една година чини колку цел факултет на еден просечен студент.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски